Брзиот ритам на живот го оптоварува нашиот дух и нашето тело. Се помалку време за оддишка и уживање во природата, но нештата може да се променат само со неколку вртежи на педалите кои ќе ве навратат на најубавата рекреација и уживање уште од детските денови.
Велосипедизмот е спорт за умот и телото, спој на природата и вистинското уживање со секој поминат километар. Секое ново вртење на педалите не води во нова авантура која е најдобрата анти-стрес терапија и одлична физичка активност во која може да ужива секој, па дури и најголемите мрзливци. Возењето на велосипед е одличен избор доколку немате доволно кондиција, не сте „спортски тип“, или едноставно сакате да уживате во возењето кое „еднаш се учи“, а се помни и ужива во текот на целиот живот. Затоа седнете храбро на вашиот велосипед и подгответе се за авантура.
КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИ ВЕЛОСИПЕД ЗА ВАС?
Понудата на велосипеди од година во година е се поголема, а самите велосипеди се сé повеќе прилагодени на потребите на корисниците. Колку понудата и карактеристиките на велосипедот се поголеми толку е поголема дилемата во одлуката како да го одберете најсодветниот велосипед за вашите потреби. За одлуката да биде полесна најпрво размислете каде би го возеле вашиот велисипед поточно, потребен ви е велосипед со кој ќе сакате да ја избегнете градската гужва и да пристигнеме до вашето работно место навреме или потребен ви е велосипед кој ќе ја разбуди желбата за планинска велосипедска авантура. Секако дилемата може да биде уште поголема кога ќе треба да се одлучите за совршениот модел на велосипед за вашето дете. Да почнеме од почеток…
Планински велосипеди подготвени за одговорат на секоја авантура. Прилагодени за возење по неасфалтирани планински предели, висорамнини и нерамни терени, едноствано велосипед кој ќе ви го „покачи“ адреналинот.
Градски велосипеди прилагодени за урбани површини. Практични и едноставни кои се прилагодуваат на брзината на вашите дневни потреби на градскиот асфалт. Совршено превозно средство кои му пркоси на собраќајниот метеж, а воедно е еко -пријател на вашата животна средина.
Детски велосипед приказна за себе која се памети до крајот на животот. Прилагодени според возраста и најважно безбедноста на вашето најмило, гарантирајќи удобност и забава за најмладите. Децата сакаат да идат по стапките на родителите па затоа што поскоро и самите сакаат да се возат на велосипед.
Покрај конфигурацијата на теренот важни се уште неколку сегменти во одбирањето на вистинскиот модел на велосипед за вас и вашето семејство. Исто така многу важно е да одберете велосипед со правилна висина која може да се прилагодува според потребите или возраста. Женските велосипеди обично се пократки но пошироки во својот изглед и главната горна цевка на оквирот е пониска од стандардниот велосипед. Карактеристика што ги одвојува планинските велосипеди се големите и нестандардни тркала креирани за планинските предели. Добро познатите 26 инчни тркала се повеќе се заменуваат со 27,5 инчни. Велосипедите со 26 инчни тркала беа многу популарни, но најновите истражувања покажаа дека во поново време големината на тркалата се зголемува на се помодерните 27,5” и брзите 29”затоа за вас колекцијата на велосипеди ја опремивме со огромен избор на димензии, модели и детали. Уживајте во возењето…
Најновата колекција на велосипеди за 2024 можете да ја видите тука