Сигурно секој од нас барем еднаш се запрашал и сериозно се загрижил за проблемот за глобалното затоплување кој станува од година за година се посериозен како и енормното загадување во градовите кое неколкупати ги надминува сите граници над дозволеното особено во зимкиот период од годината. Сето ова ни наметнува “обврска“ да размислуваме рационално и совесно и да почнеме да ги користиме обновливите извори на енергија. Доколку навистина размислуваме за долгорочен успех, за нашата иднина и иднината на нашите деца и нашата земја, топлинските пумпи се единствениот најекономичен и најеколошки извор за греење и ладење.
Топлинската пумпа е уред со чија помош топлинската енергија од еден топлински извор (вода, земја или воздух) се префрла на водата која ја грееме или ладиме. За тој пренос се троши помалку енергија и добиваме ефикасно ладење и греење. Така, за потрошен 1 KW електрична енергија за извлекување на топлината од обновлив извор, се добива 3 до 5 KW енергија за греење, значи коефициентот на ефикасност е од 3 до 5.Топлинската пумпа ја претвара акумулираната енергија од воздухот, сонцето или водата, во топлинска енергија, и ова е најсигурниот начин на иновативно греење кој постои повеќе од 30 години
Инвертер клима уредите го имаат истиот принцип на работа со тоа што топлинскиот извор е надворешниот воздух додека топлината се префрла директно на воздухот во просторијата која ја грееме.
Типови на топлински пумпи во зависнот од кој обновлив извор ја црпи енергијата, овој уред може да користи:
1. Земја како извор – висока ефикасност, со помош на подземни колектори / сонди.
2. Вода како извор – со висока ефикасност, доколку се води сметка за квалитетот на водата.
3. Воздух како извор – со овој извор кој е секогаш на располагање инвестиционите трошоци се најмали.
Во текот на целата година, со овој начин на греење/ладење се штеди до 75% од средствата, во споредба со класичните уреди. Со правилен избор на системот, по советување за проектирање и монтажа, инвестицијата се исплаќа веќе по некоја година.
E2ENERGIJA или енергетски ефикасна зграда е информативен центар за енергетски ефикасни решенија за греење и ладење.
CARRIER инвертер воздух / водатоплински пумпи и бенефит од користење на високо развиена енергетски ефикасна технологија за греење, ладењеи припрема на санитарна топла вода.
За стан од 150 m2високоенергетски ефикасен и пасивен објект по направените анализи и пресметки добиено е дека за ладење и греење потребни се 50W/m2 или капацитет од 8kW. Па така поставена е TOSHIBA ESTIA HWS-804XWHT9-E + HWS-804H-Eтоплинска пумпа со капацитет на ладење / греење од 6kW / 8kWво комбинација со подно греење, вентилаторски конвектори за догревање и ладење и радијатори / цевни регистри за греење на ходници и бањи.