Опис
На прв поглед непријателски настроена, копривата изобилува со витамини, минерали, хлорофил и со соли на железо. Свој придонес има дадено за време на Втората светска војна кога, поради недостаток на храна, супата од коприва била користена како главен извор на нутриенти.Чајот од коприва е одличен избор за оние што веруваат во моќта на природата!Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 1,5 g лист од коприва.