Опис
Бета каротенот е претходник на витаминот А. Човечкото тело може да го претвори во витамин А според своите потреби. Витаминот А е елемент кој влегува во составот на ретината, суштински дел на нашите очи, а воедно игра важна улога во процесот на светлинската перцепција. Редовната употреба на овој витамин, исто така придонесува за здравјето на кожата и за избегнувањето на штетните ефекти предизвикани од УВ зрачење.
На кого го препорачуваме? • на лица кои планираат одмор, со цел да се подготви кожата за сончевите зраци и да може да го задржи бронзениот тен подолго време • на лица кои имаат проблем со видот или некоја болест на очите • на оние кои бараат ефективна антиоксидантна заштита • на оние кои внесуваат исхрана со малку маснотии или страдаат од нарушувања на апсорпцијата