Опис
Ascorbic acid 1000 mg Филм обложени таблети ПРИРОДЕН ВИТАМИН Ц – ЕКСТРАКТ ОД ШИПКАТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ Превенција и лекување на скорбут и хиповитаминоза Ц.Дополнителна терапија при настинка и грип.Дополнителна терапија при анемија за подобра апсорпција на препаратите со железо.ДОЗИРАЊЕПрепорачана доза е 1 филм-обложена таблета од 1000 mg на ден. Лекарот може да одреди и повисоки дози, пр. во случај на поизразена хиповитаминоза Ц и скорбут (до најмногу 3 g). Таблетите треба да се проголтаат цели, за време на оброк или непосредно по оброк.СОСТАВ 1 филм-обложена таблета содржи 10 mg природен витамин Ц од екстракт од шипка и витамин Ц (аскорбинска киселина) до 1000 mg.ATC A11GA01Се издава без рецептПАКУВАЊЕ Кутија со 30 филм-обложени таблети во пластичен контејнер со индукциско затворање.Кутија со 60 филм-обложени таблети во пластичен контејнер со индукциско затворање.