Опис
Ангинал Макс Џуниор е спреј формулиран врз основа на стандардизиран екстракт од прополис, есенцијални масла од мускат мудрец (мускатна жалфија) и мајчина душица и концентриран сок од ацерола како природен извор на витамин Ц, наменет за зачувување на здравјето на мукозните мембрани на устата и грлото.Благодарение на природното антимикробно дејство, прополисот ја штити мукозната мембрана на респираторниот тракт од микробите и развојот на инфекции. Прополисот содржан во спреј Aнгинал Макс Џуниор е стандардизиран на 12% галангин (флавоноид). Покрај антимикробното, прополисот покажува антиинфламаторно, антиоксидативно и имуномодулаторно дејство.Мускат мудрец е богат извор на есенцијални масла, чии главни активни состојки се линалицетат и линалол. Есенцијалното масло од мускат мудец (мускатна жалфија) има антимикробно, антиинфламаторно и аналгетско дејство.Благодарение на содржината на есенцијалните масла, мајчина душица има антисептично и смирувачко дејство врз иритираната мукозна мембрана на устата и грлото. Традиционално, есенцијалното масло од мајчина душица се користи како експекторанс за кашлање како резултат на настинка и за ублажување на симптомите на настинка.Ацеролата е богат природен извор на витамин Ц и важна хранлива материја. Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имунитетниот систем и ги штити клетките од оксидативен стрес.Препорачливо е да користите спрејот Ангинал Макс Џуниор при:Сува и иритирачка кашлицаЗасипнатост и гребење во грлотоВоспалени мукозни мембрани на устата и грлотоИритирани и оштетени непцаАфтиНачин на употреба: деца на возраст од 3 до 12 години: 4 пати дневноПроизводот може да го користат и возрасни лица ко не користат спрееви за грло кои содржат алкохол. Кај нив се препорачува употреба на спрејот 6-8 пати дневно.