Опис
Примена и употреба на Ензинорм:Се препорачува употреба на Ензинорм кај лица со потешкотии при варењето на храна како што се:- Подуеност на стомакот- Испуштање на гасови- Желудочни тегоби- Отежнато празнење на цревата-Препорачан начин на употреба е 1 гастрорезистентна капсула во текот на оброкот, 2 пати дневно. Капсулите треба да се голтаат цели.За што е наменет MaxMedica Ензинорм?Ензинорм, гастрорезистентна капсула, содржи комбинација на дигестивни ензими кои се состојат од: алфа амилаза (ги разградува скробот и гликогенот), протеаза (ги разградува протеините и пептидите во аминокиселини), целулаза (ги разградува целулозата и хитинот), липаза (помага во емулгирање и разградување на мастите) (бета-галактозидаза, го разградува млечениот шеќер), бромелаин (протеолитички ензим) и папаин (протеаза).Ензинорм е всушност мешавина од дигестивни ензими од растително и микробиолошко потекло кои учествуваат во разградувањето и варењето на протеините, мастите и јаглехидратите. Покрај тоа, капсулата е од целосно растително потекло и е гастрорезистентна, што значи дека се разложува директно во цревата каде што е најпотребно.