Опис
Примена и употреба на Хепагард:Се препорачува примена на капсулите Хепагард во случај на:Долгорочни диети богати со маснотии и шеќерПрекумерна тежина и дебелинаБезалкохолен замастен црн дробАкутен хепатитис од каква било формаЦироза на црниот дробПри хроничен алкохолизамЗа време на закрепнувањето на црниот дроб од оштетување од која било причинаВо текот на првите 8 недели од употреба на капсулите треба да се земаат 2 капсули дневно, а потоа по 1 капсула дневно. Капсулите се конзумираат со малку течност, при оброк.За што е наменет MaxMedica Хепагард?Капсулите содржат комбинација на биолошки активни соединенија кои придонесуваат за одржување на нормалната функција на црниот дроб.Пакување: 30 капсулиШто содржат капсулите Хепагард?Млечниот трн (Silybi marianum fructus) и неговата активна состојка силимарин се користат во третман на оштетувања, хронични воспалителни заболувања и при цироза на црниот дроб. Имаат хепатопротективно, хепаторегенеративно, антиинфламаторно, холеретично и антихолестатско дејство.Артичоката (Cynara scolymus) е повеќегодишно растение од тропските предели. Клиничките студии покажуваат дека препаратите базирани на листови од артичока имаат корисен ефект врз дигестивните проблеми како што се диспепсија, надуеност, гадење и други дигестивни нарушувања, како и за намалување на крвните липиди при лесна до умерена хиперхолестеролемија.Холин е состојка која се синтетизира во телото, но нејзините количини може да бидат недоволни. Претставува составен дел од фосфолипидот на клеточната мембрана, кој е претходник во синтезата на невротрансмитерот ацетилхолин.Л-метионинот е есенцијална аминокиселина. Учествува во елиминација на метаболички производи во црниот дроб, како и во метаболизмот на мастите.Витаминот Ц е најважниот антиоксиданс растворлив во вода. Неопходен е за синтеза на колагенот и други компоненти на сврзното ткиво. Има имунопротективно дејство.Витаминот Б6 (пиридоксин, пиридоксал, пиридоксамин) спаѓа во групата витамини растворливи во вода. Значаен е во метаболизмот на протеини и аминокиселини.