Опис
Хромот е есенцијален микроелемент, што значи дека човечкото тело не е во состојба да го произведе, туку треба да се внесува од надворешни извори. Учествува во метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите и помага во одржувањето на нормалното ниво на шеќер во крвта. Хромот особено се препорачува за суплементација кај лица кои се на диета за намалување на килограмите бидејќи има способност да ја намали желбата за внесување на слатки, која настанува под дејство на флуктуација на нивото на шеќер во крвта. Сите форми на хром не се апсорбираат соодветно. Во телото најдобро се апсорбира и искористува органската форма хром-пиколинат. На кого го препорачуваме? • на оние кои постојано чувствуваат глад, најчесто за слатки• на лица кои примаат терапија за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта • на лица кои се на диета за намалување на вишокот килограми