Опис
Gavez гелот е препарат кој содржи екстракт од корен на гавез, чии основни состојки овозможуваат примена на овој гел кај истегнувања, исчашувања и разни видови на повреди. Билката гавез има репутација на ефикасно противвоспалително средство, така што гелот наоѓа примена и кај појавата на модринки, како и по каснувањето од инсекти.Ботаничарите постојано ја истакнуваат исклучителната моќ на гавезот да го забрза зараснувањето, поради што Gavez гелот често се користи и по фрактури на коските.