Опис
Ефикасна комбинација од Фолна киселина, Железо и Витамин Б12 во уникатна солукапс форма со благопријатен ефект врз хематопоезата. Новата солукапс форма е создадена да овозможи брза и целосна апсорпција на активните состојки.Дејство:Состојките на Фоливит Феро делувајќи заедно го помагаат формирањето на крвта.Железото е неопходно за создавање на Хемоглобин-пигмент кој пренесува кислород. Недостигот на железо може да го поремети создавањето на еритроцитите и клеточното дишење. Железото е составен дел на многу ензими и е неопходно за правилно функционирање на целиот организам.Витамин Б12 и фолната киселина заедно се неопходни за создавањето на ДНК и РНК. Поради тоа тие се важни за процесот на делба на клетките и пренесување на генетскиот код на сите новоформирани клетки. Исто така се важни и за формирањето на црвените крвни клетки. Кај жените фолната киселина е пресудна за затворањето на невралната туба на фетусот за време на бременост.Употреба:Фоливит феро специјално се препорачува кај:- дефицитна анемија- бремени и доилки- жени со обилна менструација- после крварење и крводарителство- деца и адолесценти во период на брз раст- лица на диета сиромашна со животински продукти- HyperhomocysteinemiaДозирање:1 солукапс дневно после јадење.