Опис
Биби и Боби го поминуваат зимскиот распуст на планина: се скијаат, се санкаат и играат во снегот. Но, откако ќе откријат пештера скриена во снегот, почнува нивната неверојатна авантура – во скриениот град Мразилово каде што ги чекаат необичните жители, но и некои стари пријатели…