Сакам да купам некој од производите на SuperMart. Што треба да направам?
Првин регистрирај се како корисник на SuperMart користејќи ја твојата e-mail адреса. Следи ги веќе стандардните чекори за регистрација. Со креирањето на профилот ќе можеш да внесеш адреси за испорака на кои ќе можеш да ја добиеш доставата, да си направиш листа со омилени предмети кои сакаш да ги купиш, ќе имаш пристап до интересни понуди и попусти. Штом овој чекор ти е завршен, одбери го производот што го сакаш, стави го во кошничката, плати го и почекај да ти пристигне на врата.
Како можам да плаќам?
Одбери било кои од следниве методи за плаќање: со дебитна или кредитна картичка Visa или Mastercard, со IUTE Smart преку кој можеш да добиеш плаќање на 6 рати со 0 трошоци, или пак да му платиш во кеш на доставувачот.
За секоја нарачка доставата е овозможена?
Апсолутно да. Од најситниот до најголемиот производ, можеш да избереш да го добиеш испорачан на саканата адреса, достава трае од 1-7 работни денови. Времетраењето на испораката варира од различни услови, па затоа е и предмет на промена.
Доставата е возможна насекаде?
Повторно да. Доставата ја вршиме до вашата сакана адреса во било кој дел од Република Македонија.
Како оди процедурата за плаќање на рати?
Плаќањето на рати е суперлесно. При плаќањето на производите на SuperMart, избери ја опцијата плаќање со IUTE Smart, и во супербрзо време ќе добиеш одговор дали кредитот ти е одобрен и производот исплатен. Не заборавај дека плаќањето до 6 рати со IUTE ќе те чини 0 мкд. трошоци.
Зошто ви е потребен мој телефонски број штом веќе ја имате мојата адреса?
Затоа што доставувачите со помош на телефонскиот број ќе можат побрзо и поефикасно да ти го достават нарачаниот уред. Ти ветуваме, дека нема да го користиме твојот телефонски број за промоции и реклами доколку ти самиот не го избереш тоа како опција.
Што добивам ако се претплатам на newsletter-от нa SuperMart?
Сите претплатици на SuperMart newsletter-от ќе бидат први што ќе дознаат за нашите супер промоции и попусти. Наскоро ќе можат да очекуваат и одлични наградни игри, giveaway промоции и што уште не.
Дали моите податоци се безбедни во SuperMart?
Апсолутно да. Supermart се води според строго одредени правила за заштита на податоците (GDPR). Нашата политика за чување и обработка на податоци во детал можеш да ја прочиташ тука.