Опис
Чајната мешавина „Слим микс“ содржи кора од крушина, која придонесува за работата на цревата и за редовната столица. Коренот од глуварче и слаткиот корен придонесуваат за варење на храната. Мешавината содржи и корен од зајчев трн, цвет од камилица и плод од сладок анасон.Се препорачува да се користи трипати на ден, по оброк, незасладен.Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата.Достапен е во филтер-кесички 20 х 1,5 g и во класично рефус пакување од 100 g.