Опис
СЕНТИСДодаток на исхрана 30 капсули, мекиСоставЕдна мека желатинска капсула содржи 200 mg екстракт од корен на валеријана (Valeriana officinalis).Други состојки: масло од соја, желатин, глицерол, жолт пчелин восок, соја лецитин, прочистена вода, бои: брилијант плава E133, титан диоксид E171, тартразин Е102.ДејствоКоренот на валеријана има смирувачко и релаксирачко дејство. Помага за поттикнување на сонот, за смирување и за опуштање на мазните мускули.СЕНТИС® СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА Подобар сон Подобрување на состојби на вознемиреност Релаксација на телотоПРЕД ДА ЗЕМЕТЕ CЕНТИС®Сентис® не треба да се употребува: доколку немате 12 години доколку сте трудни или доите доколку сте чувствителни на некоја од неговите состојки доколку веќе сте земале лек за спиење или смирување Конзумирањето на алкохол може да ги зголеми ефектите на производот и треба да се избегнува.Консултирајте се со лекар доколку дојде до влошување на симптомите.ПРЕДУПРЕДУВАЊА И НЕСАКАНИ ДЕЈСТВАНема пријавени несакани ефекти или појава на токсичност поврзана со употреба на прeпоpaчаните дози.ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБАДеца постари од 12 години и возрасни: 1 капсула дневно.Проголтајте ја целата капсула со вода.Не ја пречекорувајте препорачаната дневна доза.Не ги употребувајте додатоците на исхрана како замена за разновидна исхрана.За дополнителни информации обратете се кај Вашиот фармацевт или лекар.