Опис
Помагалото е наменето да обезбеди стабилност и компресија на глужд кога во периодот на опоравување е неопходна имобилизација. Едноставно се мести. Двете билатерални и фиксирани шипки го стабилизираат стапалото/глуждот за комплетна контрола во периодот на опоравување. Може да биде замена и за гипс. . Големината на производот се одредува спрема големината/должината на стапалото (по бројот на чевелот на пациентот).Внатрешната навлака се пере рачно во млака вода, а надворешниот дел се пребришува со влажна крпа.