Опис
Маслото од црно семе е најсилен природен зајакнувач на имунолошкиот систем, кој има изразено антиалергиско, антибактериско, антивирусно, антифунгално, антивоспалително, антипиретично и др. дејства. Особено се препорачува како превенција во сезона на грип и настинка. Содржи Омега 6 и Омега 9 масни киселини, потоа калциум, цинк, бакар, железо, фосфор, витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и Б9 и други витамини и минерали, а главна состојка е Thymoquinon. Се добива со метод на ладна екстракција, 100% природно.
Маслото од црно семе се користи при:
автоимуни заболувања;
намалување на симптомите на алергии;
намалување на последиците од хемотерапија и зрачење;
дијабетис и стабилизирање на крвниот притисок;
детоксификација на организмот;
смирување на кашлица и астма;
покачена телесна температура;
ревматски и мускулноскелетни нарушувања;
регулирање на холестеролот, мастите и триглицеридите во крвта;
регулирање на работата на дигестивниот тракт;
невролошки пореметувања и артритис;
габични инфекции, псоријаза и дерматитис и др.