Опис
Оралниот туш Edel+White Flosserpik PowerSpa се карактеризира со силен пулсирачки воден млаз, кој темелно го чисти просторот помеѓу забите, работ на непцата и тешко достапните места. Оралниот туш Power Spa е компактен, пренослив и целосно водоотпорен. Тој е бежичен и удобен за користење, така што работи одлично кога сте во движење, па дури и кога сте под туш или во када. Се одликува со уникатен резервоар за вода кој лесно се отвора, и овозможува лесно и практично користење.
Пет причини поради кои ќе го засакате оралниот туш Edel White Power Spa:
ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ – Уникатните продолжетоци на Power Spa оралниот туш овозможуваат различни начини на чистење и нивоа на притисок. Широкиот избор на додатоци ги задоволуваат сите Ваши потреби за орална хигиена.
ПРЕНОСЛИВ – Безжичниот орален туш Power Spa е лесен и компактен. Зазема малку простор во бањата. Целосно наполнета батеријата трае од една до две недели.
ВОДООТПОРЕН – Оралниот туш Power Spa е лесен за користење, практичен и водоотпорен и може да го користите додека се туширате.
ЛЕСНО ЧИСТЕЊЕ – Капакот на резервоарот на оралниот туш Power Spa во долниот дел лесно се отвара и овозможува лесно чистење со што се спречува таложење на бактерии а со тоа се продолжува и векот на апаратот.
КОМПАТИБИЛЕН Е СО ТЕЧНОСТИТЕ ЗА ИСПИРАЊЕ НА УСТА – Оралниот туш Power Spa е компатибилен да се користи со течности за испирање на уста и Ви овозможува да внесете дополнителна свежина во секојдневната рутина на оралната хигиена. Со помош на продолжетоците овозможено е нанесување на течноста на точно определено место а со тоа е овозможено и терапевтско делување на истата.
Технички карактеристики:
Четири продолжетоци, вклучително и продолжеток со ултра меки влакна Konex HD® и вибрирачко дејство
Променлива контрола на притисокот и копче за пауза
Целосно водоотпорен до 1 m под површината на водата
Максимален волумен 180 ml
Напојување 100–240 V AC | максимална потрошувачка на енергија 18 W
Класа за заштита на вода IPX7
Двегодишна гаранција.