Опис
Електрична четка за заби CURAPROX Black is White Hydrosonic го отстранува биофилмот и пигментациите на забите со до 42.000 движења во минута, но е исклучително нежна за забите и непцата. Хидродинамичен ефект не чистат само влакненцата туку и мешавината на плунка, вода и паста за заби во устата при четкањето. Тоа е можно поради посебната структура и поставеност на влакната CUREN® и нивната јачина и брзина на движење. Поради своето хидродинамичко дејство, соничната четка за заби Hydrosonic Black is White ги чисти забите и непцата исклучително прецизно. Исто така, го чисти работ помеѓу забите и непцата и до одреден степен просторот помеѓу забите.
Три начини на четкање:
Start (масажа со 22.000 движења во минута)
Clean (чистење со 32.000 движења во минута)
Smile (нежно чистење со 42.000 движења во минута)
Тајмер:
30-секунден тајмер со кратка пауза на секои 30 сек. го означува времето за чистење на секоја четвртина од Вашето забало
по две минути има подолг прекин во работењето
по четири минути четката автоматски се исклучува
Продолжеток:
Продолжетокот CURAPROX Hydrosonic Black is White Carbon има мала глава што Ви овозможува лесно да стигнете и да ги исчистите дури и до тешко достапните места во устата, благодарение на закривеноста CURACURVE® на продолжетокот. За оптимално чистење влакната се распоредени во облик на капка. Полиестерските CUREN® влакна се исклучително меки и придонесуваат за хидродинамичкото делување. За полесна употреба задната страна е гумирана. Главата на четката е дизајнирана од prof. Ulrich P. Saxer. За оптимално чистење, се препорачува продолжетоците да се менуваат на секои три месеци.
Четката CURAPROX Black is White Hydrosonic е компатибилна со сите продолжетоци од CURAPROX електричните четки за заби.
Полнење:
Литиумската батерија во дршката на четката CURAPROX Hydrosonic Black is White можете да ја полните со USB приклучок и USB кабел за полнење со оргинален полнач или на USB-порт.
Гаранција на електричната четка за заби CURAPROX Hydrosonic Black is White: 2 години
Производител: Curaden AG, Швајцарија