Опис
Ибутоп Акут е против воспалителен лек и лек кој ослободува од болка (не-стероиден анти-инфламаторен/антиревматски лек).
Ибутоп Акут се употребува:
при лесна до умерена болка (главоболка, мигренозна болка, забоболка, менструална болка)
при грозница (покачена телесна температура)
за симптоматски третман на болка и воспаление кај пациенти со акутно воспаление на зглобовите (акутен артритис), вклучувајќи напад на гихт, хроничен артритис, особено ревматоиден артритис (хроничен полиартритис), анкилозен спондилитис (Bechterew-ова болест) и други воспалителни ревматски заболувања на ‘рбетот, иритација од дегенеративни заболувања на зглобовите и ‘рбетот (остеоартритис и спондилоартритис)
воспалителни ревматски заболувања на меките ткива
болни отоци и воспаление по повреда или операција.