Опис
Ice Power Cold gel / е оригинален, проверен и сигурен ладен гел којшто помага за брзо и ефикасно отстранување на болката и воспаленијата. Благодарение на ладниот ефект од природниот состав богат со ментол, етанол и етерични масла се намалува температурата на површината на кожата за 5 до 7 степени што овозможува смалување на отоците, ослободување на мускулната напнатост и забрзување на процесот на опоравување од повреди. ICE POWER COLD GEL е безбеден и за долготрајна употреба кај деца, бремени жени, доилки и возрасни лица при истегнувања, изместувања, спортски повреди, модринки, болки во вратот, рамениот појас, грбот и крстот, ревматски болки, болки при растење, мускулни тегоби, артрози, рахитис и скршеници.
безбедно отстранување на болката, без примена на лекови
соодветен за целото семејство
ефективни компоненти: ментол и етанол
клинички докажана ефикасност*
Ice Power Cold gel, соодветен за:
болки во вратот и рамењата
главоболка, пропратена со мускулна тензија (притисок)
болки во грбот, поврзани со мускулите
болки при раст, кај деца
невралгии (болки поврзани со нервите)
рехабилитација и физички вежби
3С ефект на Ice Power ладниот гел и крема, при мускулна болка:
1. Ладење (Cooling)
Ice Power ладниот гел содржи оптимална комбинација на ментол и етанол
Ваквата уникатна комбинација, ја намалува температурата на кожата за приближно 5-7 степени
2. Контрола (Controlling)
Делува на сензорните нерви за болка и системот за болка, преку намалување на температурата на кожата
Намалувањето на температурата на кожата и ефектот на ладење, го активираат ТРПМ8 рецепторот
ТРПМ8 рецепторот, спаѓа во групата на терморегулациони рецептори, преку кои се пренесуваат сигналите и чувството (сензацијата) за болка
3. Циркулација (Circulation)
Ефектот на ладење на Ice Power Cold Gel, настанува како резултат на првично намалување на циркулацијата на крвта. Потоа, после 15 минути, циркулацијата на крвта се зголемува (нормализира)
Како резултат на зголемувањето на циркулацијата на крвта, доаѓа до релаксирање на мускулите. Зголемувањето на циркулацијата на крвта, овозможува активирање на системот за само-заздравување и ја олеснува рехабилитацијата (обновата) на местото на повредата.
Како се употребува Ice Power Ладниот Гел
Нанесете доволна количина од Ice Power Ладниот Гел, 3-4 пати во текот на денот, на местото на повредата, се додека болката и дискомфортот не се ублажени. Оставете го гелот да се абсорбира, не масирајте!
Ice Power Ладниот Гел се препорачува за деца над 6 години возраст. За деца над 2 години возраст, соодветна е Ice Power Ладна Крема. Ice Power Ладниот Гел е соодветен за употреба за време на бременост и доење, и безбеден за истовремена употреба со антикоагуланси. Да се избегнува контакт со очите, мукозните мембрани (слузокожа) и отворени рани.