Опис
Овој уред за мерење на тежина располага со капацитет од 5 килограми или 5000 милилитри и може да мери во мерни единици грами (g) и милилитри (ml). LCD дисплејот има димензии од 107 x 40 милиметри за јасно и лесно читање на мерениот резултат. Има вградено автоматско исклучување за заштита на батеријата од неоправдано трошење. Уредот има големина од 240 милиметри во должина и 150 милиметри во ширина. За напојување користи една батерија од тип CR2032. Воедно, располага со TARE функција која овозможува одземање на тежината на контејнерите или други предмети, што го прави погоден за различни видови на мерење.