Опис
„Книга што мора да се прочита среде хаосот на нашето време.“
Анџела Дакворт
„Некои автори даваат совети. Рајан Холидеј кристализира мудрост. Оваа книга мора да се прочита.“
Кал Њупорт, автор на бестселерот „Дигитален минимализам“
„Денес на светот постојат многу опасности – особено бескрајните одвлекувања на вниманието и ситните борби што нѐ тераат да дејствуваме без никаква цел. Во оваа книга, преку маестрална синтеза на источната и западната филозофија, Рајан Холидеј нѐ подучува како да ги задржиме фокусот и присебноста среде повремено преоптоварувачките конфликти и проблеми во животот во дваесет и првиот век.“
Роберт Грин, автор на бестселерот „48 закони на моќта“
„Јас немам многу правила во животот, ама имам едно правило што никогаш не го прекршувам: кога Рајан Холидеј ќе напише книга, ја читам веднаш штом ќе ми падне в раце.“
Брајан Копелман, сценарист и режисер на „Покерџии“, „Тринаесеттемина на Оушн“ и „Милијарди“