Опис
Мешавина од екстракт и етерично масло од плодот на анасонот и лесно сварливи шеќери. Се препорачува при нарушено варење на храната кај доенчиња и кај деца. Чајот го подобрува варењето, спречува создавање цревни гасови, го поттикнува нивното отстранување и ги смирува грчевите што настануваат поради надуеност на цревата.Енергетска вредност на 100 г чај – 1639 кЈ (391,4 кцал).Производот не содржи: вештачки бои; aроми; конзерванси; млечни протеини и глутен.Достапен е во пакување од 200 g, во мерач со практичен начин на отворање, како и во пакување од 20 кесички со приспособена доза од 5 g за уште поедноставна употреба.