Опис
RETINOX серумот содржи ретинол во висока концентрација од 2.5%. Ретинолот има статус на најефикасна состојка во борба против брчките и неправилностите на кожата. Неговата ефикасност е докажана преку бројни научни истражувања и се смета за златен стандард за нега на кожата кај дерматолозите.
Кои се бенефитите за кожата од RETINOX серумот?
Главниот бенефит од серумот е подмладена кожа. Ретинолот стимулира создавање на колаген и еластин со што кожата се затегнува. После 12 недели употреба брчките се намалуваат за 34,2% .
Ја намалува хиперпигментацијата на кожата , го изедначува тенот, ги избелува флеките.
Jа нормализира работата на лојните жлезди и ја намалува појавата на акните.
Ја ексфолира кожата на клеточно ниво, па кожата на површина комплетно се менува со нова, млада и свежа кожа
Формулата е збогатена со супер ефикасни состојки кои во симбиоза со ретинолот прават вистински чуда за кожата:
Хијалуронска киселина
Екстракт од органска Готу кола
Екстракт од органски Зелен Чај
Масло од Јојоба