Опис
Искусете го интензивниот пилинг со TREE HUT Shea шеќерниот пилинг со егзотичен мирис на тропско манго. Природното пире од манго, богат извор на антиоксиданси и витамини придонесува за инстантно, а долготрајно нахранување на оштетената, сува и стара кожа, правејќи ја обновена, мека и младолика. Овој нежен шеќерен пилинг содржи сертификуван, органски ши путер, органско пире од манго и низа природни масла како што се: маслото од јаглика, сладок бадем, авокадо, макадамија, портокал, како и масло од шафраника кои придонесуваат за враќање на сјајот на оштетената и сува кожа, како и нејзина длабинска хидратација. Зрната шеќер нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, правејќи ја мека и мазна.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
Топлата вода ќе ја омекне вашата кожа, отварајќи ги нејзините пори и подготвувајќи ја за пилинг. Нежно масирајте го пилингот на кожата, триејќи со кружни движења, а по нанесувањето и масажата исплакнете со вода. Не морате да користите гел за туширање или сапун по третманот со пилингот. Нежно избришете со пешкир за целосно отстранување на водата од телото. Повторете го третманот уште еднаш или два пати неделно. Само за надворешна употреба.
Критики
Clear filtersНема критики сеуште.