Како да платам со IUTE?

Постапката за плаќање преку IUTE е неверојатно едноставна. Сѐ што треба да направиш е да ги следиш овие неколку чекори.

ЧЕКОР 1:

Откако ќе го додадеш производот (или производите) кој сакаш да го купиш, отвори ја твојата кошничка. При прегледот на содржината на кошничката, откако ќе решиш дека сакаш да го купиш производот (или производите) кои се во неа, кликни на копчето ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА.

Чекор 2:

Во новиот прозорец, пополни ги генералиите (име, презиме, адреса итн.) и избери ја опцијата ПЛАТИ СО IUTE која се наоѓа на десната страна. Потврди дека ги прифаќаш правилата и условите на SuperMart преку штиклирање на квадратчето и кликни го копчето НАПРАВЕТЕ НАРАЧКА.

Во последниот прозорец, посветен целосно на IUTE плаќањето, имаш опција да одбереш помеѓу IUTE Smart (плаќање на 6 рати со 0 трошоци) или пак IUTE Flexi (за плаќања до 36 рати). Откако ќе избереш, кликни на копчето ЗАВРШИ СО КУПУВАЊEТО.

И тоа е сѐ.


Почекај неколку минути IUTE да го одобри твоето плаќање на рати, а потоа очекувај го саканиот SuperMart производ на твојата адреса.

SuperMart и IUTE ти благодарат на довербата!

SuperMart

Добредојде!

Сакаш да станеш дел од SuperMart семејството за прв да дознаеш за сите супер понуди и попусти? Внеси ја твојата e-mail адреса и работата е завршена.

Ти ветуваме дека нема да ти додеваме.
Можеш тука да ја провериш нашата
политика за приватност.